На 27- ми февруари, истекува рокот за замена на старите лични документи со нови биометриски.

За граѓаните кои нема да извадат нови биометриски лични карти, нема да има дополнителни санкции. Старите лични карти ќе бидат неважечки и нема да бидат  соодветни во платниот промет и при извршување на секојдневните обврски во институциите на системот.

Како што информираа од СВР- Охрид бројот на граѓани кои решиле да ги заменат старите лични документи со нови драстично се зголеми во последните два месеца. Само во месец јануари во Охрид биле поднесени 3662, а додека пак во текот на февруари над 3316 барања од граѓаните.

OhridNews