На натпреварот помеѓу Ватфорд – Саутемптон постигнат е најбрзиот погодокот во историјата на Премиер лигата. Стрелец на погодокот беше фудбалерот на Саутемптон Шејн Лонг кој мрежата на домаќините ја погоди за 7.69 секунди.

Почетниот удар на мечот им припадна на домаќините а Лонг со добра реакција ја одзеде топката и го лобовираше голманот на Ватфорд.

Досегашниот рекорд за најбрзо погодок во Премиер лигата сопственот беше на Ледли Кинг кој противничката мрежа ја погоди за 9.82 секунди. Дуелот помеѓу Ватфорд – Саутемптон заврши без победник 1-1, откако домаќините погодок за изедначување постигнаа во 90-та минута.

OhridNews