Челниците на Бундес лигата и судиската организација ќе повлечат историски потег, откако одлучија активно да ја приклучат Бибијана Штајнхаус за мечевите од германската елита за следната сезона.
38-годишната полицијка, инаку партнерка на поранешниот судија во Премиер лигата, Хауард Веб ќе биде на главната судиска листа рамо до рамо со останатите колеги кои ја делат правдата на мечевите во Бундес лигата.
Штајнхаус во 2011 година беше дел од Втората лига во Германија, а го судеше и финалето на Олимписките игри во Лондон во женска конкуренција.
– Останав без зборови кога првиот човек на судиската организација Мајкл Луц ме инфомираше за нивната одлула. Се уште чувствувам неверување, радост и среќа и со нетрпение очекувам да започне новата сезона. Мојата цел, откако започнав со судење ќе се оствари и ќе имам можност да делам правда во една од најдобрите лиги во светот. – изјави Штајнхаус.
Германката со знакот на ФИФА суди веќе 12 години.
OhridNews