Кошаркарите на Црвена Ѕвезда се новите шампиони во регионалната кошаркарска (АБА) лига. „Црвено белите“ во финалната серија ја совладаа Цедевита со вкупни 3-1.


Првиот трофеј во клупската историја од АБА лигата српските кошаркари го осигураа со победата на теренот од противникот (89-79).

Низ текот на целата сезона избраниците на Дејан Радоњиќ доминираа и освојувањето на титулата не е никакво изненадување туку е шлаг на тортата на одлична сезона кои ја имаат зад себе.

Мх.П.