Рожер Федерер во машка конкуренција и Елена Веснина во женска триумфираа на турнирот од мастерс серијата кој се одржа во Индијан Велс.
Најтрофејниот тенисер Федерер во финале го совлада својот сонародник Стен Вавринка во два сетови (6-4, 7-5) за еден час и 21 минути игра. Федерер два брејка на сервис од Вавринка направи во последните гемови од сетовите и го „скрши“ противникот во финалето.
Веснина до првата позначајна титула во својата кариера стигна со триумфот во руското финале против Светлана Кузнецова во три сетови (6-7, 7-5, 7-6) после фантастични три часа и пет минути.
Нијанси одлучуваа во женското финале, односно трите сетови имаа драматичен финиш. Во првиот Кузнецова го доби после тај брејк, а Веснина изедначи на 1-1 добивајќи го вториот сет 7-5. Одлучувачкиот сет и припадна на Веснина која по 18 гемови направи двојна разлика (10-8) и победи во финалето.
Следен турнир на кој ќе учествуваат квалитетните тенисери во машка и женска конкуренција е мастерсот во Мајами.
OhridNews