Историски момент за фудбалот се случи на мечот меѓу Ајакс и Вилем Втори (5-0) во Купот на Холандија, откако по видео асистенција исклучен беше гостински фудбалер.


Фудбалерот за врска на Вилем Втори, Ануар Кали доби црвен картон по прегледувањето на снимката поради груб и намерен старт иако главниот судија првично му покажа жолт картон.

Спорните снимки ги прегледуваат активните судии, а видео асистент на мечот на Амстердам Арената беше Пол Де Бекел.  – Одма го приметив стартот дека е сериозен и со намера. Брзо ја прегледав снимката од неколку агли и проценив дека тоа е чисти црвен картон. – рече видео аситент кој си обезбеди место во историјата. 


Воведувањето на видео технологијата во фудбалот се уште е во развојна фаза и се користи со посебна дозвола од ФИФА.

Прв меч на кој се користеше видео технологија беше пријателскиот меѓу Франција и Италија. Тогаш мечот го судеше Холанѓанецот, Бјорн Кјуперс, а видео асистент му беше легандарниот Пјерлујџи Колина.

OhridNews