Македонската ракометна гордост Кирил Лазаров со петте голови во триумфот на Барселона против Пик Сегед 30-28 стигна до бројката 1000 во Лигата на Шампиони.
Капитенот на македонската репрезентација во елитното натпреварување е далеку пред сите на листата најдобри голгетери и прв со 1000 погодоци зад своето име.
Низ историјата во Лигата на Шампиони, Лазаров два пати беше најдобар стрелец, а минатата година со Барселона ја покори Европа триумфирајќи на завршниот турнир во Келн.
Со ова достигнување македонскиот бомбардер ги обедини круните во категоријата голгетери откако претходно на врвот се искачи на Европските и Светските првенства.
Мх.П.











