Човекот кој ги сложи коцките за европското злато на словенската кошаркарска селекција, Игор Кокошков ќе има историски предизвик во НБА лигата, откако договори три годишната соработка со Феникс Санс. Српскиот стратег кој има 46 години ќе биде првиот човек од европските простори кој ќе добие шанса да предводи една екипата во најјаката лига во светот.
Кокошков, од 2000 година е со работен стаж во НБА лигата, но како асистент, а водењето на Феникс ќе му биде прв клупски предизвик. Од 2000 до 2003 година Кокошков работел во Лос Анџелес Клиперс, од 2003 до 2008 во Детроит со кој успеал да стигне до титулата. Пет години потоа бил дел Феникс, по една сезона асистирал во Кливленд и Орландо, а послените три сезони ги минал во Јута.
Најголем успех на Кокошков сигурно е златото со Словенија на Евробаскетот минатата година. Српскиот стратег заедно со Драгиќ и Дончиќ успеаја да ја совладаа фаворизираната Србија и сензационално да го освојат златотo.
Феникс регуларниот дел од сезоната го заврши со 21 победа и ќе има право да бира помеѓу првите пикови на драфтот, а ништо чудно да биде тоа Дончиќ, кој од Реал Мадрид треба да се пресели во НБА лигата.
OhridNews