Воини од далечните цивилизации, индијански племиња, римски освојувачи, современи урбани херои… продефилираа на Фестивалот на цивилизации и култури што го организираат учениците oд приватното училиште „Јахја Кемал“ во Струга. Годинава фестивалот се совпадна со денот на шегата 1-ви Април, што на настанот му даде дополнителен шмек.
Учениците за настанот вредно се подготвуваа подолг период, а завршната церемонија изгледаше како своевиден историски времеплов.
-Целта на фестивалот е запознавање со различните култури како цивилизациска придобивка.- истакннуваат од „Јахја Кемал“.
Од училиштето, чиј препознатлив знак се врвните резултати и милтикултурализмот, велат дека Фестивалот на цивилизации и култури во „Јахја Кемал“ е можност за мало опуштање на учениците пред значајните меѓународни натпревари, каде тие редовно освоjуваат вредни награди и признанија.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Историски времеплов на Фестивалот на цивилизации и култури во „Јахја Кемал“
OhridNews
























