
Имено, во периодот од мај до август 2015 година при спроведување на постапка за јавна набавка во износ од 660.834.855 денари за одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, противпожарна заштита и оперирање со телефонски централи, првоосомничениот како директор на владина служба ги пречекорил границите на своето службено овластување и потпомогнат со соизвршителство од второосомничениот – како сопственик на правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија при што со дејствијата е прибавена значителна имотна корист за сопственикот на правното лице и правното лице.
Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за првоосомничениот и Предлог за определување на мерки на претпазливост за второосомничениот.
Судија на претходна постапка ги прифати предлозите на обвинителството, информира Јавното обвинутелство.
OhridNews











