Истрагата за смртта на тројцата стружани насочена кон електричната инсталација
12.09.10 00:49
Струен удар најверојатно е причина за трагичната смрт на тројцата стружани вчера на плажата во близина на познатото Пливалиште. Полицијата непосредно по несреќата ја обезбеди монтажната тераса од угостителскиот објект каде седеле тројцата пријатели кобното попладне. Истрагата е насочена кон проверка на електричната инсталација, бидејќи сомнежите се дека краток спој предизвикал струен удар кој бил фатален за тројцата возрасни мажи. Според очевидци прво станал едниот од нив, по што на брзина станале и другите двајца упатувајќи се кон него. Иако внатре во угостителскиот објект кој е оддалечен дваесетина до триесет метри имало посетители, никој не видел ништо, поради што останува мистерија што навистина се случило. Истражен судија нареди обдукција на починатите тела која треба да помогне да се расветли трагичниот настан.
Како што веќе објавивме, три тела биле забележани вчера попладне во водите на Охридското Езеро во близина на плажата „Галеб“ во центарот на Струга. Полицијата се уште не го соопштува идентитетот на починатите, како и причините за нивната смрт, но според стружани се работи за Јосиф Д., Кире Ѓ, и Јонче К. Двајца се вработени во Медицинскиот центар во Струга, а еден во Управата за јавни приходи.
Стружани со неверување ја примија веста за смртта на тројца свои сограѓани. Велат дека имало многу несреќи ама ваква трагедија не паметат.
– Тие беа најдобри другари секој ден играа карти тука. Немаше подобри другари од нив и беа многу добри луѓе. Изненаден сум од ова што се случи ова е трагедија, ни изјави стружанецот Милорад Петроски, кој едвај ги задржа солзите.
Синоќа во Куќата на Робевци беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археологија Лихнида“ по повод Европските денови на наследството 2025 во организација на НУ Завод и...
Успешно изведена хируршка реконструкција на дефект на лева челно-слепоочна регија од главата кај 26-годишен маж во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ во Охрид Па...
Вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ по 37-ми пат се одржа културната манифестација „Охридски староградски средби“ Во рамки на програмата настапија градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ –...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.