Најпосакувано работно место за младите во Макеодoнија, е јавната администрација, покажало последното истражување на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, пренесуваат националните медими.

Околу 40% од младите испитаници одговориле дека попрво би се вработиле во јавниот сектор, а најголем дел од нив сметаат дека работното место се добива со помош на пријателски или политички врски.

Истото истражување покажало и дека половина од младите луѓе на возраст од 15 до 29 години, сакаат да се иселат од државата, а како најпоскаувани дестинации ги посочиле западно-европските држави. Младинските организации бараат опсежна анализа и стратегија од институциите, за да се спречи одливот на млади од земјава.

Како дел од причините поради кои би ја напуштиле татковината, младите ги посочиле финансиската состојба, можностите за вработување, условите за живеење и студирање и потрагата по повисок животен стандард. Резултатите од студијата покажале дека 71% од младите ја оцениле како лоша или многу лоша финансиската состојба, додека 65% се изјасниле дека е тешко да се најде работа според образованието што го имаат.

OhridNews