Лидерот во развој на денталниот туризам кај нас, Стоматолошкиот центар „ Д-р Баткоски“ во Охрид, го продолжи договорот со партнерот од апенинскиот полуостров „Клиника Баткоски Италија“, за дополнителни 10 години.

Договорот го потпишаа менаџерите на двете организации, д-р Небојша Баткоски и  Александра Елизабета Сиди.

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и „Клиника Баткоски Италија“, зад која стојат нашинецот Албин Јусуфовски и Александра Елизабета Сиди, имаа успешна соработка во изминатите пет години. Во тој период близу 700 Италијани го посетиле Охрид со специјален аранжман.

Освен дентални услуги во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, тие користат сместувачки услуги во хотел „Тино“ – Центар, како и други туристички услуги во градот, од што бенефит има целата заедница.

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во единаесетгодишното постоење, наметна високи стандарди во работењето, посотојано зголемувајќи ги и модернизирајќи ги капацитетите и воведувајќи нови услуги и методи кои ги следат светските трендови во стоматологијата и имплантологијата, квалитет што му овозможи да се наметне и на европскиот пазар.

Г.М.