Италијанските градови Коритна Дампецо, Милано и Торино ја откажаа заедничката кандидатура за организација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2026 година.

Кандидатурата пропаднала бидејќи не можеле да постигнат договор кој од градовите ќе ја има водечката улога во целиот проект. Кандидатурата повеќе ја нема ниту поддршката на италијанската влада.

Милано и Коритна сакаат да се обидат без Торино да ја продолжат кандидатурата, меѓутоа тој проект владата нема да да го финансира.

  • Доколку Ломбардија и Венето (покраини во Италија), сакаат заеднички да организираат ЗОИ, владата нема да им стои на патот, но нивната кандидатура нема финансиски да ја поддржи. – рекол државниот секретар Џанкарло Џорџети.

Речиси во исто време од кандидатурата се откажа и јапонскиот град Сапоро, поради земјотресот што неодамна го погоди градот и околината. Во земјотресот загинаа 44 лица, а 660 беа повредени. Земјотресот предизвика голема материјална штета во градот во кој живеат 1,9 милиони луѓе.

За добивање на организацијата на ЗОИ во 2026 година во конкуренција останаа Калгари, Грац, Стокхолм, Сион и Ерзурум. Меѓународниот олимписки комитет името на домаќинот ќе го соопшти во септември 2019 година.

OhridNews