Импресионира сме од градот Охрид, Охридското езеро и околината. Најмногу би го издвоиле Охридското езеро бидејќи делува многу смирувачки за лица авантуристи и полни со енергија како ние двајца, – рекоа италијаните Кристина Тасели и Марко Мори, при подигнување на стартниот пакет пред учеството на 107-километарска трка во склоп на Охрид Ултра Треил.

Тасели раскажа како стигнале да се пријават и учествуваат во Охрид, додека Мори раскажа за популарнаста на планинарскиот спорт во Италија.

Паузата поради пандемијата на коронавирусот ни овозможи многу повеќе слободно време од обично и имавме можност за пребарување на нови дестинации. Видовме за трката во Охрид дека е нова и дека се развива. Стапивме во контакт со организираторот и веднаш ни ги овозможија сите услови да дојдеме во Охрид. – истакна Тасели.

Планинарството како спорт во Италија доживеа експанзија кога Планинарската федерација се приклучи на Атлетската федерација и многу луѓе „тартанот“ го заменија со планината. Интересот веднаш порасна и сега можеме да се пофалиме со 1 000 официјални членови.  – рече Мори.

Парот од Италија нема посебни ритуали пред стартот на трката. Единствено добро го испитуваат теренот и гледаат како ќе се одвива температурата.

Нешто што не интересира е времето, бидејќи се околу трката зависи од него. Добро прочитавме и се едуциравме за трката, а морам да ги пофалам и домаќините, кои уште еднаш ни објаснаа како ќе се одвива. – потенцираше Мори.

Трката на 107 километри стартува вечерва во 23 часот, а покрај неа има трки на 66 километри и 18 километри. Нивниот старт е в сабота во 7 односно 10 часот.

Фото галерија од експото каде учесниците ги подигнуваа стартните пакети:

OhridNews