Поранешниот тренер на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, Антониот Конте, е новиот селектор на Италија. Конте на клупата на „аѕурите“ ќе го наследи Чезаре Прандели кој поднесе оставка по неуспехот на светското првенство во Бразил.
Конте во трите сезони минати на клупата на Јувентус освои три скудета и два италијански Суперкупа. Претходно ги водеше калчолигашите Сиена, Аталанта и Бари.
Тој потпиша договор на две години, а ќе заработува по 3,5 милиони евра годишно