Селекцијата на Португалија забележа минимална победа 1-0 против Италија во контролниот натпревар, кој двете репрезентации го одиграа во Женева.
Човек на одлука беше напаѓачот Едер, кој го постигна победничкиот погодок во вториот дел од натпреварот.
„Европските бразилци“ мечот го одиграа без најдобриот фудбалер во составот Кристијано Роналдо, кој се пожали на повреда.
Поради неговото отсуство португалците ќе треба да платат 380 000 евра поради прекршувањето на договорот меѓу двете селекции склопен пред контролниот натпревар.
„Азурите“ по поразот од Португалија ја загубија трката со Хрватска за место во првиот шешир во ждребката за квалификациите за Мундијалот во Русија.
Резултати : Јужна Африка – Ангола 2-1, Полска – Грција 0-0, Италија – Португалија 0-1.
Мх.П.