Македонскиот интернационалец Иван Тричковски е во радарот на повратникот во италијанската Серија А, Торино.

Според италијанските медиуми, Тричковски би бил идеално засилување за “Граната Торо“, кипарскиот клуб барал обештетување за
Тричковски од 1,2 милиони евра, а тој во италијанскиот клуб би добивал
годишна плата од 400.000 евра.

Спортскиот печат во Италија потсетува дека токму Тричковски беше едно од
најголемите откритија во изминатата сезона од Лигата на шампионите.

Торино, кој по неколку години пауза се врати во најсилната италијанска
лига, во своето богато минато седум пати бил шампион на Италија, а пет
пати го освојувал купот.