Истакнатиот италијански гитарист и педагог Едоардо Катемарио вечерва ќе настапи на фестивалот Охридско лето. Катемарио се вбројува во најзначајните светски солисти на овој инструмент. За неговата кариера придонесоа успесите на националните и меѓународните натпревари меѓу кои и победата на престижниот натпревар „Андрес Сеговија“ во Гранада. Неговиот репертоар е исклучително богат и разновиден: романтичарските дела кои ги свири на оригиналните инструменти, па барокните, па музиката на ХХ-от век, авангардните дела и најновите композиции пишувани специјално за него и посветени нему кои премиерно ги изведува.

Покрај делата за соло гитара, Катемарио го има скоро целосно камерниот репертоар и 42 концерта за гитара и оркестарот. Гитаристот настапува на концертните и фестивалски подиуми во европските земји, Америка, Австралија, соработувајќи со реномираните оркестри и диригенти, како и со солисти и камерни состави. Катемарио остварил бројни снимки за познатите продуцентски куќи DECCA Records, ARTS Music и EMI  за кои добил бројни награди од критичарите и музичките магазини. Одржува бројни семинари и мастер класи низ свет, а од 2007 година е гостин професор на Кралската академија на музиката во Лондон. Поседува инструменти од познатите мајстори на шпанската школа за гитари.

Концертот ќе се одржи во црквата Света Софија со почеток во 21 часот.

OhridNews