Се уште нема официјална информација за точната причина за смртта на Давиде Астори. Капитенот на Фиорентина бил пронајден без знаци во живот во креветот од својата хотелска соба во Удине.

Италијанскиот обвинител Антонио де Николо кој го има случајот со Давиде Астори останал вчудоневиден, откако лекарите му соопштиле дека се работи за срцев удар.

– Се претпоставува дека Астори починал од срцев удар. Мене тоа ми е малку чудно, бидејќи спортистите, а посебно фудбалерите поминуваат низ дузина прегледи пред да почне сезоната. – изјавил обвинителот.

Поради ненадајната смрт на Астори сите мечеви во Италија беа одложени, а следните ќе почнат со минута молк и црни траки на ракавите.

OhridNews