Несомнено дека природните убавини со кои располага Охрид оставаат траен впечаток кај туристите кои доаѓаат и заминуваат од ривиерата.
Италијанскиот новинар Роберто Бианко, по неговата посета на градот во август 2013 година, пред неколку денови во употреба ја стави веб-страната, на која туристите од неговата земја ќе можат подобро да се запознаат со „Балканскиот Ерусалим“.
Веб-страната www.visitohrid.it/ официјално беше пуштена во употреба на 18-ти овој месец, а на истата се поместени голем број информации, фотографии, мапи, традиции и културни настани, кои имаат за цел да го промовираат Охрид во оваа европска земја.
OhridNews












