Во текот на ноќва почнувајќи од западните делови врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошируваат кон исток. Утре во текот на денот ќе биде облачно, со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има пообилни врнежи, кои понекаде да надминат 25 л/м2, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, информира УХМР Македонија.

Во наредните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од викендот следува период на променливо облачно и врнежливо време, соопшти УХМР Македонија.

OhridNews