Охридската тенисерка Ива Кецкарова освои нов трофеј во младинска категорија триумфирајќи на Отвореното првенство до 12 години, кое изминатиов викенд се одржа во Куманово.

Охриѓанката Кецкарова до титулата стигна без загубен сет. Во 1/4 финалето во два сетови (6-0 и 6-0) ја совлада Елена Божиновска. Идентична победа во два сетови (6-0 и 6-0) забележа во полуфиналето против Леона Стојковска. Во финалето наиде на силен отпор од Исидора Павковиќ, но после голема борба во два сетови (6-4 и 7-6) извојува победа и ја освои титулата.

На почетокот од октомври месец охридските тенисери на турнир во Куманово за тенисери до 14 години немаа поголем успех, а викендов кој доаѓа ги очекува Мастерс турнир на кој ќе учествуваат најдобрите тенисери од Македонија.

OhridNews