Охридската тенисерка Ива Кецкарова се искачи највисоко на тронот на турнирот за млади девојчиња кој се одржа во Скопје. Кецкарова како единствен преставник од охридскиот клуб во целост ја оправда довербата и се закити со златниот медал.

До трофејот младата охриѓанка со четири победи без изгубен сет и покажа најголем квалитет помеѓу натпреварувачките во „зелен тенис“.

Годинава, Павел Стевкоски во машка и Ана Стојаноска, Матеа Билбилоска и Мина Петреска во женска конкуренција ќе се натпреваруваат ранг погоре, односно со повозрасни тенисери, а првиот тест им е викендов во Скопје.

OhridNews