Претстојниот викенд во организација на АК „Охрид трчаТ“ во Охрид ќе се одржи првиот Акватлон, кој всушност ќе биде Државно првенство во оваа се попопуларна спортска дисциплина во светот која е комбинација од трчање и пливање. Одзивот е одличен за прво издание, а радува тоа што половина од пријавените се охриѓани. Во Спорт + со Иван Цветкоски од АК „Охрид трчаТ“, организатор на настанот, разговараме за акватлонот, но и на актуелни спортски теми, меѓу другото и за Охридскиот пливачки маратон кој поради несоодветниот однос кон манифестацијата долги години се доведе во незавидна ситуација.

Каков концепт на пливачки маратон – настан му треба на Охрид, како овој настан може да биде додадена вредност на туризмот кој ќе ја продолжи сезоната, каков пливачки и спортски концепт му треба на Охрид, што содржи идејата „Ohrid water festival“?

Тоа би значено концепт 80% како „Охрид трчаТ, како акватлонот кој ние го правиме сега, но би се проширил на 7 дена. Ако интересен период за водените спортови е крај на август би избрале датуми и како производ би и го понудиле на светската пливачка јавност. Јас сум убеден кога сите ќе се вклучат во тие 7 дена, од традицијата на пливање од Св. Наум до Охрид, олимписка трка, ватерполо турнир, акватлон, едрење, кајаци, кога ќе донесеме видни личности од светот на пливањето, јас сум убеден дека Охрид за 3-4 години ќе има таков концепт и во тие седум дена осумдесет проценти од популацијата којашто се занимава со пливање ќе бидат дел од тој концепт и ќе бидат во Охрид. На таков начин ќе изградиме таков бренд кој ќе донесе голем бенефит за Охрид. – рече Цветкоски.

Повеќе погледнете во новото издание на Спорт + на OhridNews.

Иван Цветкоски во Спорт +: Охридскиот пливачки маратон треба да прерасне во „Ohrid water festival“

OhridNews