АЕК Ларнака на крилата од македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го помина тимот на Спартак Москва и се пласираше во четвртата квалфикациска рунда.


Популарниот „тричко“ во 89-та минута од втор план втрча и ја погоди мрежата за минимална победа 1-0 која по ремито 1-1 донесе голема радост.


Исто така пофалби заслужува и Даниел Мојсов кој командуваше со одбраната на АЕК и заедно со Тричковски ќе се борат за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

OhridNews