
Цветкоски на раководната функција ќе го замени Боро Шајн, кој неодамна беше разрешен. Новиот раководител на ЈП „Билјанини извори“ пред себе ќе има сериозен предизвик со оглед на тоа што вработените веќе 4 месеци немаат примено личен доход.
Цветкоски е успешен спортски работник со искуство како менаџер. Тој еднш веќе ја извршуваше раководната функција во јавното претпријатие кога воведе повеќе креативни новини во работењето.











