Вршителот на должност директор на ЈП „Билјанини извори“, попладнево поднесе оставка од функцијата, дознава OhridNews. Информацијата официјално ни ја потврди Цветкоски. Тој истакна дека оставката ја поднесува од лични причини кои ги образложува во дописот кој го испратил до градоначалникот Никола Бакрачески.
-Причините за оставката се лични. Јас останувам и натаму во јавното претпријатие да придонесам за истото со мојот професионален ангажман и одговорно извршување на работните обврски.-ни изјави Цветкоски.
Во јавноста се шпекулира со повеќе имиња за наследник на Цветкоски во ЈП „Билјанини извори“, меѓу кои е името на претседателот на УО Љупчо Танески.
OhridNews