Хрватска јавност сеуште е во транс по триумфот на Марин Чилиќ на американскиот гренд слем турнир. Во финалето Чилиќ го совлада Нишокори со 3-0 во сетови.

Но, по два дена со мирна глава се обрати тренерот на Чилиќ, Горан Иванишевиќ кој порано го има освоено трофејот од Вимболдон 2001 година.

– Горд сум на Марин, но и на себе. Ние е лесно да бидеш тренер. Чилиќ многу лесно и опуштено го одигра мечот наспроти нас на трибините кои практично „изгинавме“ на секој поен. Ги послуша моите совети да се забавува на теренот бидејќи финале не се игра секој ден – рече Иванишевиќ.

Како играч беше дел од финале на Гренд слем турнир, а сега беше и како тренер на новиот првак на УС Опен.

– Нека ми простат се моите поранешни тренери бидејќи сега видов како е на трибините. Можам слободно да кажам дека со мене не било ни малку лесно да се работи – додаде Иванишевиќ.

Мх.П.