ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига.
Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани. Вардар е добра екипа со физички силни играчи. Имаме доста време за работа, подготовки и анализа на противникот. Очекувам тврд и машки натпревар, со силна одбрана на двете страни. Покажавме дека знаеме да играме со квалитетни противници, не очекувам ништо помалку ни сега и ќе продолжиме така на секој меч, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Анте Иванковиќ.
Натпреварот се игра со почеток во 18 часот во салата „Борис Трајковски“.
OhridNews