Иванковиќ на преговори во ФФМ
30.04.09 00:05
Иванковиќ беше запознаен со моменталната состојба во националниот тим и ФФМ, шансите за освојување на второто место во квалификациската група за СП, условите за работа како и финансиските можности на ФФМ за ангажирање на наследник на Сречко Катанец.
Од своја страна хрватскиот стручњак ги изнесе своите видувања за квалитетите на македонскиот фудбал, потенцијалот на националниот тим и изрази подготвеност да застане на кормилото на репрезентацијата на Македонија.
– Мислам дека македонската репрезентација располага со квалитетни играчи и преку дуелите пред се со Хрватска и неколку други европски селекции покажаа дека може да постигнува добри резултати. Во ваква ситуација најважно е да се врати атмосферата во тимот и пред се самодовербата кај играчите. Моето искуство е големо, сум играл против големи селекции и верувам дека можам сето тоа да го вградам во играта на македонскиот тим. Задоволен сум од приемот во ФФМ, и од разговорите со раководството на чело со г-динот Хаџи-Ристески кој не сакаша да крие ништо од мене туку ми ја изнесе фактичката состојба и ризиците со кои би се соочил идниот селектор- изјави за македонските медиуми Иванковиќ, кој со приватен авион пристигна во Скопје и веднаш по разговорите ја напушти Македонија.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










