Градскиот ракометен клуб Охрид првиот натпревар од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со СФП Олимпијакос ќе го одигра во Атина во недела, 29 март.

Не очекува тежок натпревар во Атина против Олимпијакос. Олимпијакос има многу добар тим, со големи имиња во својот состав. Имавме 10тина дена да се подготвиме за овој натпревар, направивме многу добра анализа и тактика и сум сигурен дека секој од нас ќе биде мотивиран и подготвен за дуелот кој ќе ни открие многу за реваншот во „Билјанини извори“, изјави ракометарот на ГРК Охрид Анте Иванковиќ.

Реваншот ќе се игра на домашен терен во СРЦ „Билјанини извори“ – Охрид на 04.04.2026 (сабота) со почеток од 18:00 часот. Билетите за овој натпревар се пуштени во продажба онлајн на: https://mktickets.mk/event/grkoh-2/

OhridNews