Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во Универзитетот Св. Апостол Павле пред бројните студенти изврши презентација на владината иницијатива за Отворено владино партнерство, во чии рамки беше претставена  и  веб страната opendata.mioa.gov.mk.


Иницијативата за Отворено партнерство со владата, подразбира отворање на податоците од јавен карактер според Законот за слободен пристап до информации и јавен карактер за граѓаните и бизнис-заедницата за постигнување поголема институционална транспарентност, брз и точен пристап до информациите и креирање нови бизнис-модели.

Во своето обраќање пред присутните, министерот Ивановски, истакна дека оваа иницијатива претставува ново поглавје во дигиталната ера, воедно и ги повика студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ активно да се вклучат во овој проект, како негови корисници, провајдери и креатори.

На интернет-страницата Оупендата (Opendata) ќе бидат поставени дванаесет институции и триесет регистри.

Т. К.