Последните случувања на седницата на Управниот одбор на ФФМ во Прилеп, ја раздрмаа македонската јавност. Ohridnews отворено разговараше со членот на УО на ФФМ, охриѓанецот Тони Иваноски кој откри детали од седницата и ги сподели своите размислувања за актуелната ситуација.


ON : Целосно застанавте во одбрана на членот на УО стружанецот Аргетим Асани?

– Искрено сметам дека на господинот Аргетим Асани му е нанесена неправда, со тоа што е оквалификуван како најголем борец за режимот на Хаџи- Ристески, ве убедувам дека  добро го познавам и истиот секогаш ја завземал страната која е за развој на фудбалот. По однос на неговиот избор во УО, тврдам дека е постапено согласно статутот, и е сосема легитимен член на УО – вели Иваноски.

ON : Зошто неговиот мандат не беше потврден на собранието во Охрид?

– Вашата заблешка е на место, мислам дека стручните служби на федерацијата, направиле пропуст, пропуст кој не го оспорува лигитимитетот на господинот Асани како член на УО – потврди Иваноски.


ON : Дали атмосферата на последната седница во Прилеп беше напната?

– Во УО членувам три години, доволно ги познавам сите членови таму, и ако постои напнатост, таа секако е во позитивна смисла, со цел да се изнајде решение поволно во дадената ситуација за македонскиот фудбал. Различниот менталитет на поединци допринесува и различно да реагираат. Јас таквата амтосфера не би ја рекол напната, туку повеќе неизвсена бидејќи во последно време во УО навистина се дебатира и не се аминува ничија желба, без разлика и од кого да е. Мојата забелешка во однос на написите е тоа што бев издвоен заедно со господинот Лазар Нанев, како членови кои се спротиставиле на одлуката за одбивање на поднесената иницијатива. Моето мислење по однос на поднесената инцијатива е дека се што доаѓа од членките на ОФС доколку е согласно статутот и во интерес на фубдалот заслужува внимание да се елаборира и да се разгледа. На крај демократски е секој да размислува онака како што ја гледа состојбата. Ваквото видување не беше само мое туку слични дискусии имаа и другите членови на УО, а посебно би ги издвоил Нанев, Анастасовски и Ѓурчовски. По природа сум човек кој што го кажува она што го мисли. Јас и претходните нека ми извинат оние што нема да ги споменам, се залагавме за разгледување на барањето со посебно внимание и без било какви предрасуди и интереси , вклучително и личните. Затоа мислам дека она што е дефинирано како спротиставување, е само различно размислување и пристап кон решавање на проблемот – појасни Иваноски.


ON : Конкретно има ли излез и каков е тој според вас?

– Како член на УО мојот став е изнесен во заклучокот од седницата. Бидејќи без разлика како размислувам на крај ја почитувам одлуката на мнозинството. Но како спортски работник кој веќе 20 години работи во ОФС Охрид реално ги согледувам барањата на иницијативниот одбор и без разлика на нивната оправданост или неоправданост ги сметам за легитимни. Впрочем масата е таа, каде што може да се седне и да се решаваат проблемите , ги познавам сите преставници на иницијативниот одбор и сметам дека е вредно да се согледа и почитува нивното мислење. Ова е мое мислење, како спортски работник, а претходно кажав дека секогаш го почитувам ставот и одлуката на мнозинството – истакна Иваноски.

ON : На УО е донесена одлука да се поведе дисциплинкса постапка против сите потписници на иницијативата за Вондредно собрание на ФФМ. Какво е вашето мислење ?

– Она што навистина беше мое спортиствавување може да се каже само по однос на оваа точка. И тогаш, а и сега цврсто стојам на ставот дека не смееме да казнуваме некој кој само различно размислува од другите.  Јас и инцијативата ја разбирам само како поинакво гледање на состојбите во македонскиот фудбал и различен начин на решавање на проблемите на оние што ја потпишале, не сметам дека погрешиле и дека направиле грев, и затоа не ја подржав одлуката за покренување на дисциплинска постапка против иницијаторите – вели Иваноски.

ON : Дали вие како член имавте одредни притисоци за прифакање на иницијативата?

– Ако мислите на политички притисоци одговорно тврдам, НЕ. Немав таков притисок. Но морам да напоменам дека забележлива е поделеноста на спортските работници што мене лично навистина ми создава дополнителен притисок. Мислам дека во интерес на фудбалот во Македонија, може и мора да се изнајде решение, да се ослободиме од прангите на личните и локалните интереси, и како таргет да го ставиме унапредувањето на македонскиот фудбал – смета Иваноски.


ON : Дали на УО стана збор за актуелните случувања околу А тимот. Начинот на кој се повикани репрезентативците и како се прави списокот?
– Логично е размислувањето дека успехот на репрезентацијата е успех или неуспех на раководството на федерацијата во конкретниот случај на УО. Да бидам искрен претседеталот ни остана должен за една точка за расправа која ја вети уште по неуспехот со Луксембург, а тоа е анализрање на состојбите во А тимот. Репрезентацијата не е клуб, и народот нормално е да очекува успех веднаш, а не да чека просец на создавање на тим. Не сум доволно стручен да ги коментирам потезите на селекторот, меѓутоа како љубител на фудбалот сметам дека денешниот пласман е далеку од она што треба да го имаме и го заслужуваме – потенцираше членот на УО на ФФМ.

ON : Дали барањето на иницијаторите е легитимно и е според статутот на ФФМ? Бидејќи тие најавија дека ќе одат до крај со нивната иницјатива, и покрај тоа што нивното барање беше одбиено?

– Со оглед на тоа дека најавив дека ќе разговараме отворено, мое лично мислење е дека никого неможеш да го попречуваш во остварување на своите намери. Сметам дека во иницијативниот одбор има доволно искусни спортски работници кои ја познаваат фудбалската правна проблематика и нема да пречекорат од она што е пропишано со статутот и правилниците. Јас по природа сум човек кој пред да изнесе став во целост сака да ги согледа фактите и мислењата. Официјално како член на УО ја прифатив одлуката на УО за одбивање на одржување на Вонредно собрание и стојам зад неа, иако имав поинаков пристап и размислување во однос на ова прашање. Како понатака ќе се однесувам зависи од ставот кој ќе го завземе ОФС Охрид од каде и сум делегиран.  Статутот ја регулира оваа проблематика и не би сакал да навлезам во негово толкување. Лично сметам дека како фудбалска нација, еднаш и засекогаш треба да пристапиме кон решавање на проблемите како возрасни и совесни луѓе. Не ми се допаѓаат поделбите кои што ги правиме на фудбалски план. Подготвен сум да го изразам своето мислење пред секого., но и да го сослушам секој што има поникаво мислење од моето. Луѓе сме и не секогаш сме во право – рече Иваноски.


ON : Иницијативниот одбор го закажа собранието за 23 Јуни. Дали ќе се одзвиете на поканата за одржување на истото?


–    Јас делегат на ФФМ и член на УО сум како преставник на ОФС Охрид. Во целост ќе ја подржам одлуката на општинскиот фуфбалски сојуз, како и мислењето на ОФС Струга со кој всшуност функцинираме како единствен “правен субјект“. Пред одржувањето на јунското собрание трезвено ќе ја оцениме легитимноста на иницијативата и без разлика на моето мислење, ќе ја почитувам одлуката на базата. Посебен револт имам кон начинот на кој одредени медиуми , “плукаат“ по поедини фудбалски работници како што беше случајот со претседателот на ОФС, Димче Попоски. Исто така мислам дека во цела оваа ситуација треба независно и објективно да ги изнесува состојбите, а не да завзема нечија страна – заклучи Иваноски.


ON : Деновие по долги 14 години, од позиција претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз се повлече  Влатко Марковиќ и тоа на седница на УО . Може ли слично нешто да се очекува и кај нас?
– Не верувам дека она што се случи во Хрватска, како реприза ќе го гледаме и во Македонија. Мислам дека ќе изнајдеме сили, да ја надмине ситуацијата – заврши Иваноски.

М.Постоловски