Капитенот на шампионот Вардар ги договорил личните услови со казакстанскиот прволигаш Актобе. Според пишувањата на дневниот весник  “Македонски спорт“ трансферот на Иваноски во Актобе е вреден околу 300 илјади долари годишно.

Фудбалерот на Вардар и член на
македонската репрезентација, Филип Иваноски ја одбележа јубилејната
20-та сезона од шампионатот во Македонија. Иваноски со 24 погодоци ја
предводи листата на стрелци. “Црвено црните“ по Дарко Панчев и Саша
Ќириќ ја добија третата златна копачка во името на нивниот капитен
Иваноски.