НАТО треба да се изјасни зошто не ја
почитува одлуката од Меѓународниот суд во Хаг, која јасно
укажува дека е направена грешка на Самитот во Букрешт, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов при денешната посета на Штип.

– Сепак се надеваме и очекуваме она што беше сторено во Букурешт да се
исправи, зашто Грција ги доведе во заблуда другите членки, укажувајќи
дека не дава согласност за прием иако согласно Времената спогодба има
обврска со  да го почитува тоа што го договорила со нас и со
меѓународната заедница. Токму Америка беше гарантот под референца да
влегуваме во меѓународните организации. Зошто се откажаа во Букурешт,
треба да одговорат самите, рече Иванов.

Претседателот Иванов пред престојниот Самит на НАТО во Чикаго истакна дека за решавање на спорот помеѓу Македонија и Грција е потребен дијалог, но според него волја за дијалог нема кај соседна Грција.

OhridNews