Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов предизвика смеа кај присутните на панел дискусијата што се одржа во рамки на самитот од процесот „Брдо – Бриони“ во Сараево, БиХ. На прашање „Како денес би се снашол во Македонија Александар Македонски?“, Иванов изнесе мислење дека во Македонија и Исус да се појави ќе го убијат. Истото, рече тој, ќе му се случи и на Мухамед. Во продолжение на одговорот што го пренесоа сараевските медиуми, Иванов рече дека Александар бил тоа што бил оти учел од Александар, веројатно мислејќи на Аристотел.