Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, утрово, присуствуваше на светата архиерејска литургија која се одржа во манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Калишта со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со епископот велички г. Јосиф и епископот лешочки г. Јосиф.
– Ова е празник за славење и за радување, празник кога го славиме семејството, празник кога ги славиме рожбите. Затоа ова е ден кога треба да се потсетиме на обврските кон семејството и децата, да се грижиме за нив и да даде господ да имаме што повеќе рожби, рече претседателот Иванов честитајќи им го празникот Мала Богородица на сите православни Христијани.
OhridNews