Претседателот Ѓорге Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Израел, Јозеф Амрани и  на Естонија, Арти Хилпус.

Во поздравните говори на примопредавањето на акредитивните писма, претседателот Иванов им посака добредојде и успех во вршењето на амбасадорската  должност.

На средбата со новоименуваниот Амбасадор на Република Естонија, соговорниците ги потврдија одличните релации на политичко ниво и изразија очекување за продлабочување на севкупните односи меѓу двете земји и јакнење на соработката во сферите од заемен интерес, особено во делот на информатичката технологија за што Естонија важи за европски лидер.

Со новоименуваниот амбасадор на Државата Израел, Јозеф Амрани, беше констатирано дека меѓу двете земји е постигнат висок степен на политичките односи, беше изразено задоволство од одличните мултилатерални односи и интерес за продолжување на трендот на размена на посети на високо и највисоко  ниво меѓу двете држави.