
Орав и Иванов го поздравија почетокот на Пристапниот дијалог со ЕУ на високо ниво, при што Иванов посочи дека тоа не може да биде замена за преговорите за членство.
Орав својата дипломатската кариера во Македонија ја продолжува по амбасадорската функција во Турција, Азербејџан и Сирија. Како што се наведува во неговата автобиографија, богата дипломатска кариера Орав ја започнал во Естонското мнинистерство за надворешни работи.
Орав, амбасадорската функција на ЕУ мисијата во Македонија, ја превзема од неговиот предходник Питер Соренсен, кој беше преименуван за прв човек на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина во септември минатата година.












