По повод смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, со соопштение во кое се искажува жалење за смртта на поранешниот лидер се огласи претседателот на државата д-р Ѓорге Иванов:

„Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија. По извршувањето на повеќе одговорни функции во поранешна Југославија, во 1991 година во македонското Собрание беше избран за претседател на Републиката. Вториот претседателски мандат го доби на изборите во 1994 година. Неговите два претседателски мандати ги одбележа етаблирањето на Македонија како независна држава. Претседателот Глигоров беше носител на Орденот на Република Македонија, прв кој го понесе највисокото македонско одликување.

Во овие тешки мигови на загуба би сакал да упатам изрази на искрено сочувство до семејството на претседателот Киро Глигоров. Претседателот Глигоров доживеа да ја види Македонија како стабилна и напредна држава.

 Нека му е вечна слава“.

OhridNews