Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов реши да не замине за Тирана каде што утре требаше да учествува на централната прослава по повод 100-годишнината од независноста на Албанија, jaви „МИА“.
Во кабинетот на Иванов велат дека посетата на Тирана е откажана поради последните инциденти, без да наведат повеќе детали.
Одлуката на македонскиот претседател да го откаже учеството на прославата следува по минатонеделните инциденти во Тирана кога автомобилот на премиерот Никола Груевски кој престојуваше во посета на Албанија, беше гаѓан со јајца и пластично шише, а државните знамиња на Република Македонија поставени низ улиците албанскиот главен град беа симнати и запалени.