Претседателот Иванов очекува извршителите на инцидентите да одговараат согласно законите. Поглаварите на двете најголеми верски заедници изразиле увереност дека традицијата на заеднички живот која опстојувала со векови останува вредност и придобивка на сите граѓани. Заеднички упатуваат порака за одговорност во негување на традиционално добрите меѓуверски односи и на културата на толеранција.
Меѓудругото, претседателот Иванов на средбата побарал поглаварите на МПЦ и на ИВЗ да го вложат својот авторитет и да влијаат за поголемо меѓуверско разбирање.