Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес и утре, ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Бронислав Коморовски, кој во придружба на неговата сопруга, Ана Коморовска, ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Полскиот претседател на официјална церемонија ќе биде одликуван со Орден „8-ми Септември“.

Во среда, претседателите на Република Македонија и на Република Полска во присуство на своите сопруги, ќе престојуваат во Охрид, при што е предвидена културна програма и посета на повеќе културно-историски знаменитости, меѓу кои „Плаошник“, посета на Манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони, посета на црквата „Св. Софија“, манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“, како и наколната населба „Залив на коските“.

OhridNews