Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, ќе се обрати на свеченото затворање на четвртата Школа за млади лидери, што по негова иницијатива, се одржа од 19 до 31 август во Охрид.
Претседателот Иванов на учесниците на школата ќе им додели сертификати за учество и успешно завршување на двонеделниот интензивен лидерски тренинг.
На годинешната школа гостуваа вкупно 30 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции, кои ги пренесоа своите искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на обуката.
Програмата на Школата опфати предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции и практични вежби.
Идејата на Претседателот Иванов е, преку одржувањето на школата, да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградат и усовршат своите вештини, да ја развијат својата креативност и лидерски способности и да останат вмрежени преку ИСЛАА – Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери.
OhriidNews