Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес, ќе ги одликува членовите на Македонската ракометна репрезентација со „Медал за заслуги за Македонија“.


Медалот на ракометните репрезентативци им се доделува за афирмација на Република Македонија во светот со постигнатите врвни резултати во ракометот на меѓународен план, и за исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во нашата земја.

OhridNews