Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денес во Вила Билјана во Охрид ќе ја одликува манифестацијата Струшки вечери на поезијата со Орден за заслуги за Македонија.
Орденот се доделува за постигнатите исклучителни резултати во 50 годишното организирање на оваа врвна меѓународна културна манифестација, со што Струшките вечери на поезијата дадоа значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот, информираат од Кабинетот на претседателот.











