Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, ќе оствари средба со заменик помошник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, надлежен за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер.
Средбата ќе се одржи во претседателската вила на Водно.
Пред да стапи на сегашната функиција, Филип Рикер беше амбасадор на САД во Македонија.