Како што денес изјави претседателот Ѓорѓе Иванов, по посетата на посредникот Нимиц, во ставовите помеѓу двете страни во македонско- грчкиот спор за името, нема ниту решение, ниту приближување во ставовите.

– Има согласност името Македонија да биде содржано во решението, но приближување на ставови се уште нема. Тоа што го кажа Нимиц е реалноста и  ние очекуваме грчката страна да се држи до рамката во која се водат преговорите, бидејќи постои дефинирана рамка од ОН”, изјави претседателот Иванов.

OhridNews