– Очекувам оваа 2012-та да биде година во која ќе се помести состојбата на статус-кво во однос на интеграциите на Република Македонија. Пресудата на Меѓународниот суд на правдата е конечна и обврзувачка. Таа не може и не смее да се сведува на советодавно мислење, да се девалвира, бидејќи тоа би значело ослабнување и поткопување на самиот меѓународен поредок. Пресудата и времената спогодба се шанса за нашиот сосед, за сите нас, за регионот, истакна Иванов.
Претседателот додава дека се очекува јужиот сосед да ги напушти некоректните максималистички позиции, и наспроти досегашното однесување во процесот на претставување пред меѓународната јавност, да го поддржува интегрирањето на РМ во евроатлантските структури.